(ВИДЕО) Спасовски во демирхисарско: Заедно ја менуваме ненародната власт, назад нема!

Од:

„Луѓето се невработени, младите заминуваат во странство. Луѓето од демирхисарскиот крај ги имаат истите проблеми како и граѓаните во најголемиот дел од Македонија.

Низ демирхисарско се оди по лоши патишта, што им задаваат секојдневни тешкотии на жителите.

Oliver6

Жителите овде се жалат дека тешко доаѓаат до здраствени услуги. Сиромашни се да се лекуваат по приватни болници. Бидејки живеат главно од земјоделство, од помош би биле редовни субвенции, но и тие се исплаќаат селективно, според блискоста до власта.

За овие проблеми вчера разговараа жителите од Демир Хисар, с. Единаковци, с. Суводол и с. Слепче со генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, коj беше придружуван од Диме Велковски, претседавач со Централниот одбор на СДСМ и членот на Извршниот одбор, Драган Тевдовски“, се вели во соопштението на СДСМ.

– Погрешните и уништувачки политики на ВМРО-ДПМНЕ со коишто се штитат бизнисите на фамилијата на власт се причината за сите овие проблеми. Наместо да се грижат за граѓаните, тие се грижат за своите интереси. Над 5 милијарди евра се изнесени од Македонија во последните 10 години. Со овие пари може да се подобри општественото живеење. Ова држава не е во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа парите ќе ги вратат. Иселувањето на младите излезе “најуспешна “ реформа на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ние ќе си ги вратиме луѓето во државата. Ставаме крај на расипничката власт, рече Спасовски.

Тој објасни дека СДСМ е меѓу граѓаните за да ја сподели визијата на којашто заедно работевме изминатиот период, како да си ги вратиме луѓето во државата, како да ги задржиме оние кои се тука и да обедиме пристоен живот за сите.

Oliver5

– Ќе обезбедиме максимална поддршка за домашните мали и срердни претпријатија. Тие ќе отворат нови работни места со простојни плати. Ќе ги пренасочиме парите кон граѓаните. Ќе создадеме квалитетно јавно здравство, јавно образование по успешни примери од земји од ЕУ. Земјата ќе ја вратиме кај вистинските земјоделци. Со тоа ќе обезбедиме услови граѓаните својата иднина да ја гледаат и планираат во Македонија, рече Тевдовски.

„Она што остава впечаток е дека луѓето зборуваат за секојдневните проблеми, но знаат дека решението е во крај на политичката криза.

И сите даваат поддршка на СДСМ да истрае во процесот што го отвори, за фер избори, на кои Македонија ќе добие Влада избрана од народот, а не од непостоечки гласачи, Влада признаена од сите, со полн легитимитет“, пишува во соопштението на СДСМ.

Oliver4

– СДСМ цврсто стои на ставот дека следните избори во Македонија мора да бидат слободни, фер и регуларни. За тоа се потребни прочистен Избирачки список и медиумите што ќе имаат обврска да известуваат објективно, соопшти Спасовски.

Тој порача дека вратите на СДСМ се широко отворени и и ги повика граѓаните да се приклучат во оваа битка, во која нема друга опција за Македонија, освен смена на ненародната власт и враќање на слободата, правдата, еднаквоста во земјата, процес што е почнат и назад нема.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“