СДСМ: 49 дена молк во институциите за милионите на медиумските курири

Од:

„Институциите 49 дена не даваат одговори за начинот на финансирање на куририте на Никола Груевски коишто вртат милионски суми на нивното салдо.

Што значи молкот на институциите за милионите на медиумите на Никола Груевски? Дали со пари на граѓаните се плаќа креирањето на лажната реалност со цел да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и фамилијата?

Поминаа 49 дена откако СДСМ обелодени за приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република и приходите од 617.000 илјади евра на Радио Слободна Македонија.

Тоа се 3 милиони евра приходи кои овие три медиуми на Никола Груевски, Курир, Република и Радио слободна Македонија ги оствариле во последните 3 години.

Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај со по 40 денари на ден, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а фабриката за лаги и пропаганда на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.

Граѓаните дознаа дека фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.

НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, а зад којашто лично стои братучедот на Груевски, Мијалков.

Вистината за Македонија ја откри поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Затоа медиумите на братучедите Груевски и Мијалков 10 години шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.

Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумската пропаганда во Македонија фамилијата сака ја користи за спас на сопствената кожа.

Затоа медиумите на Никола Груевски молчат за милионите на нивните сметки“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите