Норвежанецот Александер Амонт Килде е победник на денешната трка од Светскиот куп во дисциплината спуст возен во германскиот ски центар Гармиш-партемкирхен.
Килде трката ја заврши со време 1:55.28. Второто место со 22 стотинки послабо време зад победникот му припадна на словенечкиот скијач Боштјан Клине, а место на победничкиот подиум си обезбеди и Беат Фојц од Швајцарија со време 1:55.52.
По седум трки во дисциплината спуст води Аксел Лунд Свиндал со 436 бодови, пред Италијанецот Петер Фил кој има 315.
Во Генералниот пласман од Светскиот куп прв е Марсел Хиршер (Австрија), а по негоследуваат Свиндал 916, Хенрик Кристоферсен (Норвешка 871, Кјетил Јансурд (Норвешка) 635,…