Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) по барање на ТВ куќите ќе го разгледа предлогот натпреварите да не траат повеќе од еден час и 50 минути со што би се спречило нарушување на програмската шема на телевизиите кои вршат преноси.
Спречувањето натпреварите да не траат подолго од 110 минути би се постигнало со скратување на времето потребно за сервис и подобрување на користењето на програмот „видео проверка на поени“.
На состанокот на членовите на Комитетот за телевизија и нови медиуми и ФИВБ била нагласена важноста на користењето на „видео проверката на поените“ за време на Олимпијадата во РИО оваа година.
ФИВБ исто така соопшти дека е почнат процесот на кандидатура за организација на Светското клупско првенство.