Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека предлогот на ЕУ „не е доволно добар“ и оти е потребно повеќе работа за двете страни да постигнат договор за редефинирање на односите меѓу Британија и ЕУ.
– Сакаме да ја окончаме идејата нешто за ништо. Луѓето рекоа дека тоа е невозможно, сега постои предлог на маса. Тој не е доволно добар, потребно е повеќе работа, но има подобрување, изјави Камерон за Би-Би-Си.
Британскиот премиер се залага за воведување на „итен прекин“ на миграцијата кој ќе и овозможи на Британија, а и на другите членки, да го намалат бројот на вработувања во ЕУ.
Камерон, кој разговараше со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, се надева дека следниот месец ќе биде постигнат договор кој ќе го трасира патот за референдумот за останокот на Велика Британија во ЕУ.