ПССЕ: Косовските власти треба да го гарантираат почитувањето на правото и да ја искоренат корупцијата

Од:

Косовските власти мораат да го имаат како „висок приоритет“ почитувањето на правото и искоренувањето на корупцијата, порача Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), по расправата на пленарната сесија посветена на Косово, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

– „Ендемичната и раширена корупција” на сите нивоа на владата, во судството и економијата има навистина негативни последици врз животите на луѓето на Косово, без оглед на заедницата на која и припаѓаат, истакнаа парламентарците.

Во резолуцијата усвоена врз основа на извештајот на Агустин Конде од Шпанија, ЕПП , се истакна и напредокот на Косово во областа на демократијата, на организацијата на изборите во 2014 година, и се поздрави усвојувањето на уставни реформи кои го отворија патот за создавање на специјален суд.

Сепак, ПССЕ изрази жалење што законодавните активности на Собранието на Косово беа одложени боради бројните политички ќор-сокаци, кои ја открија неспособноста на политичките сили да воспостават конструктивен дијалог и ги осуди неодамнешните насилни случувања во Собранието на Косово, кои беа квалификувани како „особено тешки”, што само може да ја поткопа довербата на јавноста во демократските институции.

Во однос на заштитата на човековите права и односи меѓу заедниците, ПССЕ ги повика властите на Косово да останат будни и да „ги осудат сите напади мотивирани од етничка побуда и да покажат одговорност во нивниот јавен говор, со цел олеснување на тензиите”.

ПССЕ ги повика Белград и Приштина „да го продолжат дијалогот под покровителство на ЕУ” за нормализирање на нивните односи. Постоењето на европската перспектива за двете и зацврстувањето на нормите според парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа се од суштинско значење за демократската безбедноста на Косово и за стабилноста на целиот Западен Балкан”.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина