Вонучилишните активности го поттикнуваат емоционалниот и социјалниот развој на детето

Од:

Зголемените обврски во училиштето може да ве натераат да се предомислите кога се во прашање вонучилишните активности на вашето дете. Сепак, не може да се игнорира желбата на вашите деца, ниту позитивните ефекти на тие активности.

Докажано е дека децата кои имаат вонучилишни активности подобро се концентрираат и нема да имаат проблеми со килограмите или конфликти со другие деца.

Кога избирате вонучилишни активности не мислете на себе и на вашите неостварени желби и амбиции, мислете на децата, што е тоа што тие го сакат, какви афинитети имаат. Тие активности ќе имаат смисла единство ако децата ги сакаат, ако е тоа она во што се пронаоѓаат.

Најдобри активности се оние кои децата создаваат нешто, како проект за тимска изградба на макета или работа на претстави.

Внимателно избирајте ги луѓето кои ќе работат со вашето дете. Тоа би требало да бидат експерти, кои имаат знаење и искуство. Децата би требало да имаат можност да можат да комуницираат и да работат со талентирани уметници, научници или атлетичари. Со нив децата најдобро ќе научат што е тимска работа, што значи внимателно слушање, што значи да се биде лидер.

Внимавајте вашето дете да не биде преоптоварено. Тоа значи дека децата уште се мали за да имаат целосен дневен распоред. Тоа им прави притисок и го зголемува стресот. Понекогаш доволно е само една вонучилишна активност, на која детето целосно ќе се посвети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска