Холандија претстави план за враќање на бегалците од Грција во Турција

Од:

Холандија, која во моментов е актуелен претседавач на Европската унија, претстави европски план за враќање на бегалците од грчките острови во Турција, изјави лидерот на холандската социјалдемократска Лабуристичка партија, Дидерик Самсон за весникот „Фолкскрант“.

– Планот е изготвен од седум членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Германија, посочи Самсон, чија партија е дел од коалицската Влада на либералот Марк Руте.

Според планот, членките на Европската унија треба да се ангажираат да прифатат до 250 илјади бегалци годишно, а Турција во тие услови би се согласила да ги прими назад преостанатите бегалци.

– Турција се уште треба да усвои нови закони и да ја подобри ситуацијата со Сиријците, кои бараат азил. Таа треба да стане сигурна земја, посочи тој.

– Првите фериботи можат да тргнат од март или април, додаде Самсон.

Засега нема реакции на Брисел за овој холандски план, а ниту на Анкара, но холандските медиуми тврдат дека премиерот Руте го подржува планот на неговиот коалициски партнер.

Руте неодамна предупреди дека ЕУ има на располагање „само шест или најмногу осум недели“ за да обезбеди европски договор за бегалската криза.

Овој холандски план би требало да заживее до почетокот на пролетта и затоплувањето на времето, кога се очекува нов силен бран мигранти кон Европа.

Повеќе од 850 илјади лица дојдоа во текот на минатата година од Турција на грчките острови. Други 46 илјади мигранти, главно од Сирија, Ирак и Авганистан, се префрлија на островите од почетокот на оваа година.

Повеќе од 200 лица се удавија во 2015 година во обидот да допловат од Турција до грчките острови, во неприлагодени гумени чамци и со неквалитетни и небезбедни појаси за спасување купени по пазарите на турското крајбрежје.

Европската комисија вчера ги обвини грчките погранични власти за крајна небрежност при проверката и регистрацијата на мигрантите.

Шведската Влада веќе соопшти дека од азилантите на нејзината територија дури 80 илјади не ги исполнуваат условите за доделување азил, па ќе мора да бидат депортирани.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он