Жители на гостиварското село Вранјовце, берејќи костени, пронашле машки труп и ја алармирале полицијата.
Од првичната полициска истрага е откриено дека станува збор за 28-годишниот В.С. од селото Форино, кој на главата имал повреди, а крај неговот тело имало пак предмети, кои полицијата ги земала за вештачење. По наредба на истражен судија, телото е однесено на обдукција.