ЕК: Грција серизно престана да води сметка за обврските спрема Шенгенот

Од:

Европската комисија соопшти денеска дека Грција „сериозно ги занемарила“ своите погранични должности кон Шенген зоната, и дека другите земји-членки би можеле да ја подложат на нови погранични контроли, доколку не ги отстрани тие проблеми во рок од три месеци.

– Во нацрт извештајот се заклучува дека Грција сериозно ги занемарила своите обврски и дека таму постојат сериозни пропусти во спроедување на контрола на надворешните граници кои грчките власти мора да ги надминат, изјави за новинарите потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис, пренесува Танјуг.

Заклучокот на ЕК, за кој утрово разговараа комесарите на неделниот состанок, е клучен чекор кон продолжување на привремени погранични контроли кои некои држави членки на на Шенген зоната ги воведуваат во областите на внатрешните граници на период од најмногу две години.

Во случај грчките власти да не го направат тоа, ЕУ може да наложи другите земји од шенген зоната, привремено да ги „затворат„ своите граници спрема Грција.

Кризата со бегалците и мигрантите, во најголем број луѓе од Блискиот Исток, што ескалира во 2015 година, ја доведе во ризик спогодбата за безпасошко минување на европските граници како и одржувањето на шенген зоната.

Повеќе од 850 илјади мигранти и бегалци пристигнаа во Црција во текот на изминатата година. Други 44 илјади, дојдоа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос, во изминатите недели од 2016 година, префрлајќи се без никакви ограничувања од турската територија.

Неколку држави од ЕУ и од шенген зоната, привремено воведа погранична контрола.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска