(ВИДЕО) Богоевска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали постојат фантомски гласачи во куќата на нивниот пратеник?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ потврди дека на адресата на којашто живее пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Велес, Ѓорѓи Коџабашиев се водат уште шест избирачи, со презиме Станојкови, а коишто, реално се непостоечки, или пак не живеат на таа адреса, рече Весна Богоевска портпаролка на ОО СДСМ Велес.

Според ВМРО-ДПМНЕ овие лица биле потстанари, кираџии.

Го повикуваме пратеникот Ѓорѓи Коџабашиев јавно да одговори, доколку овие лица биле потстанари, зошто во неговиот имотниот лист не се пријавени дополнителни финансиски средства од станарина?

Дали со тие лица се склучени договори за закуп и дали истите се доставени до УЈП?

Го повикуваме Основното јавно обвинителство во Велес да постапи согласно член 272 од Законот за кривична постапка и да поведе постапка по допрен глас.

За овие индиции дека постојат фантомски гласачи со место на живеење токму на истата адреса, на иста улица и број со пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Коџабашиев, граѓаните на Велес очекуваваат да се изјасни Подрачната канцеларијата на Државната изборна комисија во Велес.

Наместо да молчи самиот пратеник Ѓорѓи Коџабашиев треба да излезе пред јавноста и да одговори за овие сериозни обвинувања.

Дали во меѓувреме се пронајдени и други вакви случаи?

Граѓаните на Велес знаат дека постојат фантомски гласачи кои ги крадат изброите. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ само на тој начин ги добива изборите. Затоа граѓаните очекуваат одговори.

Заврши времето на Никола Груевски, а со тоа завршува и времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа