Средба на Заев со претседателот на бугарската Социјалдемократска партија, Александар Томов

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари работна средба со претседателот на бугарската Социјалдемократска партија, Александар Томов.

Се зборуваше за актуелната состојба во земјава, како и продлабочувањето на соработката помеѓу Бугарија и Македонија, на политички и на економски план.

„Покрај сите предизвици со коишто се соочуваме ние сме целосно подготвени на слободни, фер и демократски избори да ја промениме оваа недемократска власт. Заедно со граѓаните изготвивме сериозна, остварлива Програма којашто ќе донесе промени во општеството на секое поле.“ рече Заев.

„Тука сме да ја изразиме нашата подготвеност за продлабочување на соработката и ви ја даваме целосната поддршка да истраете во овој важен период за вас и вашата земја, во интерес на граѓаните„ рече претседателот Томов.

Заблагодарувајќи се на силната поддршка претседателот Заев рече дека Македонија треба да има подобри односи со Бугарија коишто треба да се градат заеднички.

Само преку градење и негување на меѓусоседските односи нашиот регион може да се движи напред, рече Заев.

Во насока на продлабочување на партиската соработка договорена е заедничка средба на економските тимови од двете сестрински партии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски