Уште 2,8 милијарди години и ќе нема живот на земјата

Од:

Научниците прогнозираат дека животот на Земјата ќе потрае уште 2,8 милијарди години, но не се согласуваат целосно во оценката дали ќе опстанат некои форми на живот и каде би можело тоа да се случи.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека паралелно со стареењето на Сонцето, покомплексните облици на живот ќе исчезнат.

Океаните ќе испарат, тектонските плочи ќе престанат да се движат. Во највлажните предели ќе се создадат резервоари на топла солена вода, во кои уште милијарди години ќе живеат микроби, а потоа и тие ќе исчезнат.

Експертите сакаат да дознаат какви хемиски траги од своето постоење можат да остават микробите на крајот од својот живот на Земјата, со цел исти такви траги да се бараат на другите планети.

Научниците им даваат можност и на некои претходни апокалипси, како на пример во вид на удар на големи метеори.

– Освен познатиот „Апофис“, закана претставуваат уште два големи асторида, чија орбита најверојатно ќе мора да се измени за да се спречи судар. Затоа е потребен ракетен носач со носивост од околу 70 тони, кој ќе постави на траекторијата на астероидот вселенски апарат способен да го смени правецот на неговото движење, изјави претседателот на Ракетно-вселенската корпорација „Енергија“ Виталиј Лопота.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска