Честитка од претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод празникот Свети Сава

Од:

Денеска, претседателот на Социјалдемокраскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев по повод празникот Свети Сава упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, припадници на српската заедница.

Во честитката се вели:

“Од мое лично име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на сите припадници на српската заедница во Република Македонија Ви упатувам најискрени честитки за големиот православен празник Свети Сава со желби за добро здравје, спокој, мир и благосостојба.

Заедничкиот соживот нека биде поттик за создавање општество кое ќе обединува. Негувањето на меѓусебните односи нека ни биде заедничка стратешка цел и определба која ќе остане вредно наследство за идните поколенија.

Нашата цел е градење општество во коешто ќе се почитуваат традиционалните вредности и културните особености на сите заедници во Република Македонија.

Уште еднаш ги повторувам моите искрени желби за меѓусебно почитување, мир и благосостојба на сите граѓани на Република Македонија“ стои во честитката од претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат