Просечната исплатена нето-плата по вработен во ноември изнесува 21.976 денари и таа е зголемена за 1,8 проценти во споредба со тој месец претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемување од 2 проценти има и кај бруто платата која во ноември изнесува 32.268 денари.
Зголемувањето се должи пред се на секторите „Други услужни дејности“ каде има зголемување за 9,2 проценти, „Административни и помошни услужни дејности“ за 8,4 проценти и Градежништво за 7,1 процент.
Во ноември 1.2 проценти од вработените во Република Македонија не земале плата.