Потпишан протокол за научна и уметничка соработка помеѓу МАНУ и САНУ

Од:

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Српската академија на науките и уметностите (САНУ) претставени од претседателите на двете академии, акад. Таки Фити и акад. Владимир Костиќ потпишаа Протокол за научна и уметничка соработка.

Протоколот за научна и уметничка соработка помеѓу МАНУ и САНУ е потпишан во рамки на посетата на делегација на САНУ на Македонската академија на науките и уметностите на 25 и 26 јануари 2016 година, соопшти денеска МАНУ.

Во соопштението се наведува дека раководствата на двете академии разговарале и за понатамошно интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка во областа на науките и уметностите, како и дека е договорено во текот на оваа година да започне реализацијата на 13 заеднички научни проекти од природните и општествените науки (математика, биологија, геологија, медицина, економија, лингвистика), како и од областа на уметноста и културата.

Соработката, покрај учеството на научници и уметници од двете академии, ќе опфати и учесници од академската заедница на заедничките научни собири што ќе бидат организирани од двете академии, студиски престои на претставници од двете академии, заедничко аплицирање на научни проекти во рамките на европските програми, организирање изложби на македонски уметници во Белград и на српски уметници во Скопје, присуство на претставници на двете академии на промоции на значајни научни дела и уметнички средби, како и редовно заемно информирање за настаните во двете академии.

Би можело да ве интересира

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија