Богоев: Власта преку тефтерчето на Горде сака и администрацијата да ја влече за уши на гласање

Од:

Овој систем е катастрофален и има за цел за заплашува, а не да мотивира. Наставниците се контролираат и заплашуваат со екстерно, докторите се контролираат и заплашуваат со плата по учинок, на ред се административните службеници, рече пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев на денешната собраниска дебата за Предлогот на закон за дополнување на Законот за административни службеници.

Како ДПМНЕ ги добива гласовите на државната администрација, аргументирано и пластично објаснето.И малку за Миле и Гордана, ги нема нешто во последно време…Говор и контра реплики од денес :)

Posted by Стефан Богоев on Tuesday, 26 January 2016

– Да не дозволиме власта на овој начин, преку тефтерчето на Горде, „за уши да ја вади администрацијата на гласање“, кадешто Миле бара со „триаголниче да гласаме за ВМРО-ДПМНЕ“. Да гласаме сите ЗА, да покажеме волја за фер, слободни и демократски избори. Избори кои доколку би биле такви, ви гарантирам дека ниту Груевски ќе биде премиер, ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе биде власт. Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сака фер и демократски избори, ќе го олабави притисокот кој Миле Јанакиески вели дека „треба да се зголеми“ врз држaвната администрација. Ако навистина сакате ефикасна државна администрација денес ќе гласате ЗА ова решение, а до крај на оваа година, сите заедно, со експертите, стручњаците на оваа тема ќе изнајдеме ново и квалитетно решение.

Оценувањето на службениците го вршат претпоставениот, раководителот или секретарот. Дополнително, раководителот субјективно креира 65 проценти од оценката за административниот работник. Останатите 35 проценти зависат од опкружувањето, од колегите на работникот. Оние со најниски оценки, што би рекол Груевски, ќе бидат клоцнати од работа – рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он