„Форд“ ги отфрли гласините за „Фиеста РС“

Од:

И покрај најавите од неколку странски автомобилски магазини, „Форд“ нема намера да ја произведува спортската „Фиеста РС“, наведуваат од оваа компанија.

Кон крајот на 2015 година се појавија информации дека е во план екстремната верзија на малиот автомобил на „Форд“, која светлоста на денот треба да ја здогледа во 2017 година. Меѓутоа, американскиот производител набрзо ги демантираше овие гласини.

-Кога станува збор за  „Фиеста РС“ морам да кажам дека првите луѓе на нашата компанија не размислуваат за овој автомобил, изјави главниот инженер на „Форд“,Тајрон Џонсон, во разговор за „Car Advice“

„Тој дефинитивно не е во планот“, категоричен е Џонсон.

Германскиот „Auto Bild“ во декември објави дека „Фиеста РС“ треба да биде придвижувана од четирицилиндерски 1.6-литарски турбо бензинец што веќе се вградува во „Фиеста СТ“, и кој ќе биде засилен до дури 250 кс. Како што сега стојат работите, приказаната за „Фиеста РС“ ќе остане само во сферата на шпекулациите, а љубителите на мали и брзи автомобили ќе можат да се утешат со „Фиеста СТ“.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ