14 месеци затвор за дадилката од Ѓорче

Од:

Дадилката која беше снимена како малтретира деветмесечно дете е осудена на затворска казна од една година и два месеца.

На јавноста и беше забрането да присуствува на судењете, ниту имаше можност да ја слушне пресудата која што беше соопштена од Основниот суд Скопје 1.

Нејзиниот адвокат по првото рочиште изјави дека дадилката се изјаснила дека не се чувствува виновна и побара преквалификација на делото и тврдеше дека бебето немало тешки телесни повреди.

Според обвинителството, родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале жената за да го чува нивното бебе, но се посомневале дека го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.

Бебето кое го малтретирала дадилката било нервозно, невесело, врескало навечер, а неговиот татко ја начекал дадилката и како го удира по лицето.

На 20 август таткото ненајавено влегол во домот во Скопје и ја забележал шеесет и едногодишната дадилка како со рака го удира по лицето. Но не изреагирал, мислејќи дека се работи за негов превид.

Наредните денови поставил видео камера во својот дом со цел да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи дадилкaта.

На видео снимката, објавена и во јавноста, се гледа како дадилката го малтретира и тепа детето, му вика, го навредува, го штипи за рачето, го треска во релаксаторот и во раце, го тегне за уши.

Тетката на бебето на социјалната мрежа Facebook објави видео од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје