(ВИДЕО) СДСМ: Сериозни индиции за фантомски гласачи во Велес

Од:

Според информациите во дел од медиумите на адресата на којашто живее пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Велес, Ѓорѓи Коџабашиев се водат уште шест избирачи, со презиме Станојкови, а коишто, реално се непостоечки, или пак не живеат на таа адреса, рече на денешната прес конференција портпаролката на ОО СДСМ Велес, Весна Богоевска.

За овие индиции дека постојат фантомски гласачи со место на живеење токму на истата адреса, на иста улица и број со пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Коџабашиев, граѓаните на Велес очекуваваат да се изјасни Подрачната канцеларијата на Државната изборна комисија во Велес.

Наместо да молчи самиот пратеник Ѓорѓи Коџабашиев треба да излезе пред јавноста и да одговори за овие сериозни обвинувања.

Одовде, од пред куќата на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Коџабашиев прашуваме:

Ако Подрачната канцеларија на ДИК во Велес си ја работи работата, Раководителот Костадин Бабунски да одговори дали овие индиции се вистинити и што ќе преземе?

Дали во меѓувреме се пронајдени и други вакви случаи?

Граѓаните на Велес знаат дека постојат фантомски гласачи кои ги крадат изброите. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ само на тој начин ги добива изборите. Затоа граѓаните очекуваат одговори.

Заврши времето на Никола Груевски, а со тоа завршува и времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он