(ВИДЕО) Кисела Вода: Им правеа пред избори атмосферска канализација, добија фекалии

Од:

Наместо одвод за атмосферската вода кој се правел предизборно, жителите во еден дел на населбата Кисела Вода добиле фекалии по улиците. Тогаш била оштетена канализацијата поради што неколку години се шири и непријатен мирис на улицата “Марко Орешковиќ“ во општината, а толку време политичарите ги тешат пред избори граѓаните дека “ќе се реши проблемот“. Кога ќе заврне, поради ископините кои се оставени од 2010 година, фекалии ја поплавуваат улицата, а речиси секогаш и дворовите на жителите кои живеат на улицата, велат за А1он жителите во општината.

Драган Николовски кој живее веднаш до отворената дупка, вели дека поранешниот градоначалник на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, како и актуелната градоначалничка Билјана Беличанец Алексиќ предизборно ги посетувале граѓаните и ветувале санирање на долгогодишниот проблем, а остварување на ветеното граѓаните чекаат до ден денеска.

-Во 2010 година, Градот и Општината почнаа да прават атмосферската канализација, со што ни ја оштетија канализацијата целосно, ни ја искршија. Веќе постоечката една шахта ни ја затрупаа и од тогаш почнаа миризбата и поплавите. Досега 5-6 пати се имаме обратено писмено со група граѓани. Марјан Ѓорчев дојде пред избори, а веднаш потоа почнаа да ја копаат дупката и така оставија до ден денеска, вели Николовски.

Тој вели дека преку општината се обратиле и до Град Скопје, но повторно, се било само предизборен маркетиншки трик. Николовски обвинува дека ни тогаш не ја направиле шахтата, а сега дел од граѓаните го користат тој дел за фрлање отпадоци.

12620846_10208511112244963_1795093374_o

-Еве сега нов градоначалник, Билјана Беличанец Алексиќ, три барања имаме до неа, ми рече немаме средства во 2013 година, со ветување дека во 2014 година ќе го санираат проблемот, а сега сме 2016 година, фекалија овде мириса, соседите се жалат. Таа рече дека нема средства за проблем кој чини 500 евра. Граѓаните се незадоволни затоа што фекалијата тече, не знам каде на друго место да се обратиме, вели Николовски.

12630857_10208511111804952_526181916_o

Тој вели дека најлошо е кога по дождовите фекалиите течат на улиците, а децата кои одат во училиште се приморани да газат по нив. Тие еднаш викнале приватна фирма која за неколку минути ја одзатнале канализацијата само за да не им тече на улицата и во дворовите.

Инаку, улицата Марко Орешковиќ е на само сто метри од улицата“ Христо Татарчев“, каде поранешниот премиер Никола Груевски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалничката на општина Кисела Вода го најавија новиот кружен тек, а на само 10 метри од улицата “Димо Хаџи Димов“, за која е планирано да се спои со кружниот тек на “Христо Татарчев“.

12636941_10208511108884879_1362655251_o

12637133_10208511108124860_696734013_o

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

ОЈО: 31-годишен маж се обидел да силува жена во Кисела Вода

Горан Наумовски

Поништена одлуката за изградба на 12 габаритни згради во Црниче, информира Ѓорѓиевски

A1on

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода