Евакуирани 14 училишта во Велика Британија и шест во Париз

Од:

Во Велика Британија учениците се испратени во своите домови од шест училишта во Бирмингем, четири во Лондон и исто толку во Корнвол по добиени повици за закана со бомба.

Повиците стасале во многу кус период, но истрагата покажа дека не станува збор за вистински закани, туку лажни, слично како и пред неколку дена, објави „Дејли меил“.

Истовремено, пет париски гимназии денеска се евакуирани по анонимна дојава за поставена бомба, јавува „Ла Паризиен“, пренесува Хина.

Вкупно, по заканите за поставена бомба во париз евакуирани се околу 2000 ученици, а сомнителен пакет е пронајден во едно училиште. Но засега не е познато за што станувало збор.

Заканите доаѓаат само еден ден откако Европол соопшти дека „Исламска држава“ подготвува нови напади во Европа. ИД, исто така, објави и порака која е протолкувана како директна закана за Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство