СДСМ: На Хан мора да му е јасно дека нема квалитетни избори без еднакви можности за сите

Од:

„На високиот претставник на ЕУ, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан мора да му е јасно дека нема квалитетни избори без еднакви можности за сите политички субјекти рамноправно да учествуваат во изборниот процес и граѓаните слободно да можат да го дадат својот глас на изборите.

Вистината за Македонија докажа како ВМРО-ДПМЕ и Груевски организираат избори: со криминал и корупција, преку притисоци, закани, фантомски гласачи, фалсификувани лични карти.

И самиот комесар во изјавата потврдува дека дел од обврските не се исполнети. Тоа се токму оние што обезбедуваат фер и демократски избори: пречистен Избирачки список (препорака на ОБСЕ/ОДИХР во 2011, 2013 и 2014 година) и слободни медиуми (според Договорот од Пржино, планирано за август).

Без целосна реализација на договореното нема услови за фер и регуларен предизборен и изборен процес“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра