Дојран – град на културата за 2016 година

Од:

Министерството за култура во врска со објавениот конкурс за финансирање проект од национален интерес за манифестацијата „Град на културата за 2016 година“ соопшти дека по разгледувањето на пристигнатите пет пријави од градовите Битола, Берово, Струмица, Дојран и Тетово, било одлучено дека Дојран, со понудената апликација, ги исполнува условите да биде престолнина на културата за 2016 година.

Програмата на Дојран, се наведува во соопштението, содржи широк спектар на конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности, проекти кои ја афирмираат културата и промовираат врвни културни вредности кај младата популација, активности кои го афирмираат домашното творештво и домашните автори, проекти кои подразбираат соработка со врвни уметници и кои презентираат творештво со стилска и жанровска разновидност. Програмата е збогатена со сите постојни традиционални фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег, „Град на културата 2016 година“. Предвидени се музички манифестации од сите жанрови, традиционална музика и фестивалска промоција на игри, ликовни колонии, драмски фестивали, поетски читања, промоции, изложби и концерти. Во програмата ќе учествуваат уметници од сите генерации и таа ќе содржи активности од сите структури.

Прогласувањето на Дојран за Град на културата за 2016 година ќе придонесе за унапредување на културата во овој регион, како и за негов развој и афирмација воопшто. Титулата „Град на културата“ се доделува по 13-ти пат, а минатата година носител беше општина Велес.

Манифестацијата се организира заради дисперзија и развивање на културата, а културните содржини што ги финансира Министерството за култура да станат достапни за сите граѓани на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ