Комисијата за финансирање го одобри Буџетот на СЈО

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска на седница ја прифати Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите со која се обезбедуваат средства за финансискиот план на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации.

Како што образложи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со Предлогот согласно финансискиот план на Јавното обвинителство се планира средства во износ од 253.682.112 денари за 2016 година.

Тој додаде дека средствата се обезбедуваат со намалување на планираните средства во Буџетот за 2016 од разделот Функции на државата во Министерството за финансии.

Средствата според Предлог-одлуката се наменети за плати и надоместоци на јавните обвинители и јавнообвинителската служба за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучително и средства за советувања и мислења од експерти, професионално напредување на вработените, капитални инвестиции и средства за одржување на просториите и опремата во ова Јавно обвинителство.

На Предлог-одлуката која Комисијата ја проследи на разгледување на собраниска седница не беа поднесени амандмани.

Фото: миа

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител