ВИДЕО: Одложено судењето на Заев за „Поткуп“

Од:

Судењето за случајот „Поткуп“ за лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, кое почна утрово во 10 часот е одложено за 3 март поради, како што велат од Основниот суд Скопе 1, службено отсуство на Заев.

Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 163.924 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов за легализација на државно земјиште. Според Заев немало никаков поткуп, зашто не се примени пари, а тој уште во март минатата година, јавно од Универзалната сала ја обвини власта дека се обидува да го намести како Љубе Бошкоски, откривајќи го и името на бизнисменот од Струмица.

Сепак, јавното обвинителство поднесе обвинение против Заев во јуни минатата година, односно три месеци подоцна, а како и секогаш на чуден начин снимка од тајното снимање спроведено од бизнисменот се појави на Јутјуб. Заев кажа дека снимката е нецелосна, и на тој начин власта и медиумите под нејзина контрола манипулираат со цел да се стекне впечаток дека зел поткуп, иако доколку се прегледа целиот разговор според него, јасно е дека такво нешто нема.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Јанушев: Крајно е несериозно тоа што СДС пак се обидува да произведе политички конструкции

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито