Италијанскиот скијач Петер Фил победи на денешната трка од Светскиот куп во дисциплината спуст што се возеше на престижната патека во австрискиот зимски центар Кицбил.
За Фил ова беше втора победа во кариерата до која стигна со време 1:52.37 минути.
На победничкиот подиум се искачија и швајцарските скијачи второпласираниот Беат Фојц и третиот Карло Јанка.
Поради лошите временски услови, стартот на трката беше во повеќе наврати поместуван, а се случија и неколку излетувања од кои најтешко помина Штрајтбергер кој поради повреда на коленото заврши во болница.
Водечки во Генералниот пласман во Светскиот куп е Аксел Лунд Свиндал со 916 бодови, 97 повеќе од Хиршер.
Свиндал е лидер и во спуст со 436 бодови.