Едногодишно дете е потешко повредено кога врз него паднал плакар.
Како што соопшти полицијата, во петокот околу 11,00 часот во Скопје на ул.„Радишанска“, паднал еднокрилен плакар врз дете на возраст од една година, при што се здобило со фрактура на черепот и внатрешно крварење.
Детето е пренесено во Ургентен центар – КАРИЛ и задржано на лекување.