Светски познатата уметница Марина Абрамовиќ, своето ново дело ќе го претстави на 10 март, во музејот Бенаки во Атина.
Новото дело на Абрамовиќ го продуцира уметничката организација NEON, институтот на Абрамовиќ (MAI) и самата уметница. Група грчки уметници, што ќе учествуваат во проектот, деноноќно работат и се обучуваат според методите на Абрамовиќ.
– Целата зграда на Бенаки музејот е претворен во живописен простор за перформанс, во кој се истражуваат човечките граници, силата на луѓето и меѓусебната доверба, изјави Елина Контоури, директорка на „НЕОН“.
Абрамовиќ, пак за своето ново дело вели дека произлегува од фактот што живееме во свет во кој станува многу тешко луѓето да се свртат кон себеси.
– Создадов дело со кое ќе и дадам можност на публиката да се ослободи од сите пречки и да се поврзе со себе, со другите луѓе и со сегашниот момент. Ова е релеванто како никогаш досега, токму во Грција, која поминува низ многу предизвици, вели Абрамовиќ.
Целта на организација „НЕОН“ е современата уметност да ја доближат на пошироката публика и да ја поддржат и да ги афирмираат грчките креативни потенцијали.