Одлуката на Виена да постави горна граница на бројот на баратели на азил кои ќе ги прими претставува „повик за будење“ со цел да се поттикне Европа да изнајде заедничко решение за мигрантската криза, изјави денеска шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц.
– Нашата национална акција пред се е повик за буидење за Брисел… Верувам дека постои долгорочно европско решение. Но, се додека тоа не се најде мораме сами да се заштитиме, посочи Курц за германскиот весник „Билд“.
Австрија во средата соопшти дека ќе го ограничи бројот на примени баратели на азил на 37.500 во 2016 година, што за повеќе од половина помалку во споредба со 90.000 барања на азил што ги прими минатата година.
Курц во интервју за германскиот дневен весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ изрази уверување дека одлуката на Австрија да го ограничи бројот на мигранти ќе има позитивно влијание.
– Сега во Европа ќе расте притисокот да изнајде заедничко решение, посочи Курц.