Банката на Англија нема да ја зголемува сегашната ниска основна камата

Од:

Банката на Англија (БОЕ), која во Велика Британија ја има улогата на Централна банка, објави дека рекордно ниската основна камата од 0,5 отсто, која е на сила веќе неколку години, нема да се зголемува.

Финансиски и банкарски експерти претходно најавуваа дека во оваа година, основната камата ќе почне да расте.

Таквите навестувања доаѓаа и од функционери на БОЕ, кои сметаа дека зголемувањето на каматата и е потребата на домашната економија. Но по само три недели од почетокот од годинава, таквите навестувања се напуштаат.

Гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни промената на позицијата кусо ја објасни со тоа дека „сега не е време за раст на каматата„.

Карни уште пред 1,5 година самиот најавуваше постепен раст на основната камата, па се очекуваше тоа да се случи по парламентарните избори во мај 2015 година, а особно по уверливата победа на британските конзервативци.

Гувернерот Карни сега смета дека растењето на каматата, во овој момент , носи со себе ризици кои би можеле да создадат бранувања на домашниот финански пазар и да ја погодат британската економија.

Соопштувањето за неменување на каматата, доаѓа во време кога на два дена лондонската берза се најде во криза и забележа пад на акциите, а британската фунта која целата измината година одржуваше висок курс, во однос на еврото, од почеокот на 2016 година бележи благо, но постојано опаѓање.

Според берзанските експерти во Лондон, годината почнува со натамошен пад на цената на нафтата, забавувањето на кинескта економија и несигурноста во зоната на еврото. Оваа година се најавува и референдумот во Британија, за останување или за напуштање на ЕУ, а тој сигурно ќе влијае врз финансискиот пазар.

Задржувањето на ниската основна камата ги радува сите кои имаат земено кредити, а посебно оние кои имаат станбени кредити, но продолжува да ги разочарува штедачите кои со ниската камата не се сту имулирани да чуваат пари во банка.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство