СДСМ: Граѓаните и понатаму се гушат во загаден воздух

Од:

„Здравјето на граѓаните нема никакво значење за ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Ниту една сериозна мерка за намалување на загадувањето на воздухот не беше преземена.

Граѓаните во Македонија и понатаму се гушат во нечист, загаден воздух полн со канцерогени честички коишто се опасни по нивното здравје.

Мерните станици покажуваат дека во Скопје концентрацијата на ПМ10 честитчките изнесува 7 пати над дозволеното, во Битола 11 пати над дозволеното, а во Тетово 10 пати над дозволеното.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години не преземаа ништо за да се реши проблемот со енормно загадениот воздух. Сега продолжуваат да го игнорираат овој проблем со што директно го загрозуваат здравјето и животот на граѓаните.

Наместо решавање на проблемот со загадувањето, фамилијата во изминатите години беше фокусирана на своите бизнис интересите и богатење на грбот на граѓаните коишто се трујат во загаден воздух“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Мицкоски: Од државотворна партија, СДСМ се претвори во група што брани лични интереси

(ВИДЕО) Кузеска: СДСМ отвори ново поглавје за иднината на Македонија

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв