Северна Кореја денеска соопшти дека уапсила американски студент кој сторил „непријателско дело“ против оваа земја.
Државната агенција КЦНА јави дека студентот влегол во Северна Кореја како турист.
Како што се наведува во соопштението, „ студентот бил фатен додека правел непријателско дело против државата, а со него управувала американската Влада“, пренесуваат британските медиуми.