Дел од општина Аеродром денеска ќе нема вода поради уличен дефект на цевка ф 150 на булеварот „Авној 4“.
Без вода до 15 часот ќе останат корисниците од високата зона на булеварот „Авној“ од број 2 до број 20, зградите 3,5 и 9 на булеварот „Јане Сандански“, зградите број 3,5 и 9 на улицата „Бојмија“, улицата „Методија Шаторов Шарло“ и улицата „Анастас Митрев“.
„Водовод“ информира дека граѓаните на располагање ќе има цистерна со вода која ќе биде стационирана кај Мајчин дом, а од 12 до 13 часот цистерната ќе биде лоцирана кај трговскиот центар „Три бисери“.