Русија демонстрира военопоморска моќ покрај сирискиот брег

Од:

Руски воени бродови, вооружени со голем број ракети, пловат крај сирискиот брег како поддршка на воздушната кампања на Русија во Сирија и на проектот за руското военопоморско присуство во Средоземното Море, јави БТА. 

Група новинари, кои известуваат од Москва биле поканети на ескадрениот миноносец „Вицеадмирал Кулаков“, кој плови крај Сирија заедно со крстосувачот „Варјаг“, кој ја предводи руската група воени бродови во регионот. 

Оваа демонстрација на воената моќ се случува неколку денови пред преговорите меѓу сириската Влада и бунтовниците, закажани за следната недела во Женева.

„Варјаг“ носи ракети со голем дострел за борба со бродови и моќни системи за противвоздушна одбрана, кои обезбедуваат заштита на руските воени авиони во акциите над Сирија.

„Вицеадмиралот Кулаков“ е вооружен со голем број крилести ракети за поморско војување, торпеда и противвоздушно оружје, но неговата главна задача е да открива непријателски подморници.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство