Бројот на бебиња во Бразил кои се родени со невообичаено мали глави, продолжува да се зголемува, соопштија бразилските здравствени власти.
Потврдено е дека од октомври минатата година, па досега, во земјата се регистрирани 3/900 вакви деца, што е повеќе од она што се претпоставуваше.
Сите се родени со микроцефали, како последица на тоа што нивните мајки, додека биле бремени се заразни со вирусот Зика.
Властите тврдат дека досега се знае за смртта на пет вакви бебиња. Според Министерството за здравство, експертите вирусолози ги испитуваат случаите на други 44 починати бебиња.
Вирусот Зика се пренесува со каснувањето од комарец од типот Aedes Aegypti, за кои се знае дека предизвикуваат ширење и на други заразни болести.
Бразилскиот министер за здравство Марсело Кастро изјави дека експертите развиле нова опрема за брзо откривање на присуството на овој вирус во телото. Тој рече дека бразилската Влада одобрила дополнителни средства за забрзување на работите, за откривање вакцина против вирусот Зика.
– Она што досега стои на располагање е постпката за затрупување на застоените води, каде брзо се развиваат комарците кои потоа го шират вирусот меѓу луѓето, нагласи Кастро.
Вирусот Зика не е проблм само за Бразил, каде има најмногу заразени, туку и за другите земји на Латинска Америка и на Карибите.
Само во Колумбија се регистрирани повеќе од 13 илјади случаи на инфицирани лица.
Американските здравствени власти веќе ги предупредија Американките кои се бремени, да не патуваат во Бразил и во земјите на Латинска Америка и Карибите.
Со вирусот Зика, освен Бразил и Колумбија, се зафатени и други 11 држави од ѕој дел од светот.