Рускиот заменик-министер ја откажа посетата во Истанбул поради кризата со соборениот авион

Од:

Кризата меѓу Москва и Анкара поради соборувањето на рускиот авион од страна на турските сили поради нарушување на воздушниот простор ја засегна и работата на Организацијата за Црноморска економска соработка, чиј секретаријат се наоѓа во Истанбул. 

Заменик-министерот за надворешни работи на Руската федерација Василиј Небензја ја откажа посетата на Истанбул, која требаше да ја реализира утре во врска со актуелното претседателство на Русија со Огранизацијата.

Од канцеларијата на Организацијата се огласија во писмено соопштение дека посетата се одложува поради здравствени проблеми на рускиот заменик-министер.

Но откажувањето на посетата се поврзува со кризата со авионот, кој беше соборен на 24 ноември во регион на границата со Сирија. 

Наместо Небензја Русија ќе биде биде претставена на ниво на економски директор во руското Министерство за надворешни работи, Евгениј Станиславов.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство