Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска изјави дека терористички групи не треба да бидат вклучени во преговорите за изнаоѓање на решение за конфликтот во Сирија.
Тој на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија изјави дека Турција не прави разлика меѓу борците на Исламска држава и на Курдската работничка партија во антитерористичката борба.