Најдобрата светска скијачка, Американката Линдзи Вон, нема да може да се натпреварува во спуст во машка конкуренција во рамките од Светскиот куп, бидејќи Меѓународната скијачка федерација (ФИС) го одбои нејзиното барање.
Челниците на ФИС на последниот состанок го одбија барањето на Вон со образложение дека еден пол нема право да се учествува на трка со друг пол и дека нема да се прави исклучок од правилата.
Првите луѓе на ФИС истакнаа дека не би имале ништо против освојувачката на четири големи Кристални глобуси да поднесе молба до Организацискиот комитет и да побара пред трката во машка конкуренција да ја испроба безбедноста и видливоста на патеката.