Грчките новинари повторно штрајкуваат

Од:

Грчките новинари денеска, вторпат за помалку од седум дена, повторно ќе штрајкуваат против плановите за спојување на нивниот фонд за социјално осигурување со државниот фонд.

Вработените во медиумите на 31 октомври штрајкуваа против планот на Владата да го укине нивниот посебен фонд за социјално осигурување.

Првиот обид на Кабинетот да го помине законот во Парламентот не успеа. Министерот за финансии Јанис Стурнарас не успеа да добие мнозинство за предлог-законот за спојување на фондовите за здравствено осигурување на новинарите, градежните инженери и адвокатите со Националната организација за здравствена заштита (ЕОПУУ). Предлогот беше поднесен како амандман на законот за приватизација.

Денешниот штрајк се спроведува откако Владата ја соопшти својата намера в среда повторно да го поднесе законот за гласање во Парламентот, како дел од пакетот структурни мерки за кој ќе гласаат пратениците.

Протестот на новинарите е само еден ден пред 48-часовниот генерален штрајк кој синдикатите го организираат утре и задутре.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски