ВМРО-ДПМНЕ: На 24. април СДСМ нема да може да избега од волјата на народот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагираше по изјавата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој ги соопшти одлуките на Централниот одбор дека партијата нема да учествува на изборите доколку се одржат на 24 април, како и тоа дека техничките министри ќе останат до 24 февруари.

-Одговорното и достоинствено однесување мора да биде императив за сите политички фактори.

Република Македонија мора да оди напред и не смее веќе да биде заложник на политичката криза и агонијата која е создадена изминатиот период. Народот бара решенија за секојдневните проблеми, а не партиите како приоритет да ги имаат личните интереси на нивните раководства.

Фер и демократски избори ќе има и тоа не е прашање кое СДСМ треба да го загрижува. Тоа што СДСМ треба да го загрижува е отпорот кој се создаде во државата против нивната деструктивна политика, базирана на фабрики за афери, сплетки, интриги, шпиунски филмови и манипулации.

Државата, нејзината иднина и иднината на граѓаните не смеат да зависат од себичноста, деструктивноста и кусогледоста на неколку лица од опозицијата. Агонијата треба да ја оставиме зад нас.

Очекуваме СДСМ како партија која го води МВР и има одлучувачко влијание во ДИК, единствените институции од кои директно зависат изборите, да го даде својот придонес во организирањето на фер и демократски избори и да не го опструира процесот заради стравот од соочувањето со граѓаните. Впрочем, новата Влада во која ќе учествуваат има една цел, организирање на избори.

Доста е од закани, доста е од лажни пароли и навреди, време е Македонија да продолжи напред по патот на напредокот. Граѓаните тоа го очекуваат од нас.

На 24-ти април народот на фер и демократски избори ќе каже што мисли за партиите и за нивното однесувње и понуда, програма, и СДСМ нема да можат да избегаат од волјата на народот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси