СДСМ: Никола Груевски не може да се помири со фактот дека не е премиер

Од:

„Никола Груевски не може да се помири со фактот дека не е премиер и дека уште кратко време ќе биде само претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Лажните и лицемерни ветувања на Никола Груевски во името на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажуваат дека нема капацитет да разграничи што е држава а што партија.

Тоа е истиот Никола Груевски кој за 10 години не изгради ниту еден студетски дом. Како што самиот призна, 10 години барал локација.

Денеска Никола Груевски директно призна дека студентите и младите немаат основни потреби.

Дополнително, човекот кој за себе си нарачуваше луксузен мерцедес од 600 илјади евра, со кожни седишта и екрани, нема никаков кредибилитет лицемерно да најавува перални и сушални во студетските домови.

Никола Груевски е човекот чиишто погрешни политики иселија 626.312 граѓани од Македонија, пред се млади, образовани луѓе. Тој нема легитимитет да зборува за проекти за младите.

Поради огромната невработеност и нискиот животен стандард во Македонија секој втор млади човек сака да ја напушти државата.

Доцна е за Никола Груевски, никој не му верува а, најмалку студентите“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски