Руски лекар усмрти пациент удирајќи го со тупаница во главата

Од:

Руски лекар усмртил пациент, удирајќи го со тупаница во главата, јавуваат руските медиуми.

Инцидентот се случил во болницата во Белгород, град одалечен околу 670 километри, јужно од Москва. Целиот инцидент е снимен и регистриран од безбедносните камери во болницата.

Пациентот претходно удрил со клоци медицинска сестра во болницата, по што реагирал лекарот кој му удрил тупаница на насилниот пациент.

Од ударот пациентот паднал на подот во бесознание,а подоцна починал.

Локалната полиција отвори истрага за случајот, што го оквалификува како „случајно убиство без намера“, но претставник на Обвинителството изјави дека лекарот сепак ќе мора да одговара за смрта на пациентот.

Полицијата не го открива идентитетот на лекарот и на жртвата, но најблиските на починатиот, за една руска телевизиска станица откриле дека станува збор за 56-годишниот Евгениј Бахтин, за кого тие велат дека не бил насилник.

Медиумите откриваат дека лекарот кој ја бранел медицинската сестра, се вика Иља Зелендинов.

Засега не се открива што го предизвикало целиот инцидент, како и зашто пациентот ја натепал медицинската сестра.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство