Варуфакис тајно ги снимал сите состаноци на Еврогрупата

Од:

Поранешниот министер за финансии на Грција Јанис Варуфакис во интервју за телевизијата „Скај“ призна дека ги снимал состаноците на Еврогрупата и оти предводел тим блиски соработници кој подготвувал „план Икс“ за грчката економија.

– Имав обврска да ги снимам состаноците (на Еврогрупата), за да можам точно да ја информирам грчката Влада и Парламентот за она што беше предмет на дискусија, изјави тој, додавајќи дека не го снимал само првиот состанок.

Варуфакис рече дека на неговите блиски соработници и грчкиот преговарачки тим им давал УСБ стикови со копии од снимките. Тој исто така не ја отфрли можноста во иднина да ги искористи тајните снимки.

– Во моментов, немам намера да ги користам, сепак додаде тој.

Варуфакис информира дека премиерот Алексис Ципрас му наложил да состави мал тим луѓе за да се подготви план, познат како план „Икс“ за воведување на паралелна валута доколку Грција не успее да постигне договор со кредиторите за нов пакет финансиска помош.

Тој исто така додаде дека бил против напорите да се обезбеди финансиска поддршка од Русија, и дека имало договор со Кина за инвестирање во Грција, вклучително и во грчките обврзници.

– Овој договор беше поништен со еден телефонски повик од Берлин, рече поранешниот грчки министер.

Во интервјуто за „Скај“ Варуфакис признава дека „не успеал“за време на неговиот мандат.

– Сносам голема одговорност. Сега би направил многу работи поинаку, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор