Путин наскоро во посета на Тајланд

Од:

Тајландскиот премиер, генералот Прајут Кан-ока денеска изјави дека  рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе престојува во официјална посета на Бангкок.

Ова, според аналитичарите, ќе биде значаен политички чекор за сегашните власти што управуваат со државата по воениот удар од мај 2014 година. По воениот удар САД, ЕУ и Австралија прогласија замрзнување на политичката, економската и воена соработка со Тајланд, а Москва и Пекинг воениот удар го сметаат за внатршна работа на Тајланд.

Локалните медиуми во Тајланд во веста за доаѓањето на Путин нагласуваат дека Тајланд и Русија имаат дипломатски односи 120 години и дека поврзаноста и блискоста на Тајланд со западниот свет не била пречка за пријателски односи меѓу двете држави.

Кон крајот на минатата година во Бангкок во официјална посета претстојуваше рускиот премиер Медведев. При неговата посета беше најавено значајно зголемување на економската и воената соработка меѓу Русија и Тајланд.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство