Висок функционер на српската полиција со службен џип во саботата во 3 часот изутрина го пресекувал патот на колоната возила во која бил српскиот претседател, а обезбедувањето спречило да се случи трагедија, пренесува српскиот портал „Вестинет“.
Високиот офицер на МУП Србија го предизвикал инцидент кога со служеното возило налетал на колоната со возила и повеќепати им го пресекувал патот.
Николиќ одел на пат кон Крагуевац. Тој бил во „мерцедес“, а во возилата пред и зад него било обезбедувањето.