Косово не успеа да стане член на Меѓународниот арбитражен суд во Хаг

Од:

Косово не успеа да стане член на Меѓународниот арбитражен суд во Хаг, откако остана без поддршката на САД, како и Франција, Германија, Италија и Велика Британија, што во Приштина се толкува како прва изгубена дипломатска битка годинава, пишува денеска  „Коха диторе“.

Овој неуспех доаѓа само два месеца по неуспехот да се зачлени во УНЕСКО, откако не успеа да ја обезбеди поддршката од сите земји кои ја признаа независноста на Косово, пренесува Танјуг.

Барањето за членство во Меѓународниот арбитражен суд Косово го предаде на свеченост во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, а го потпиша вицепремиерот и министер за надворешни работи Хашим Тачи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина