Австралија опен заврши за Рафаел Надал

Од:

Петиот носител на отвореното тениско првенство на Австралија, Рафаел Надал го заврши својот настап уште во првото коло.

Во шпанската пресметка Надал, беше поразен во меч со пет сета од сонародникот Фернандо Вердаско со 6-7,6-4,6-3,6-7,2-6.

Вториот ден во машка конкуренција донесе уште два неизвесни меча.

Првиот меѓу Ернесто Гулбис и и Жерами Шарди, вво петиот сет одиграа 24 гема за на крајот да се радува Гулбис со 3:2 во сетови (5-7, 6-2,7-6,3-6,11-13).

Во вториот во кој Жил Милер го елиминира 20-от носител Фабио Фоњини, беа одиграни четири сета, а сите завршија во „тај-брејк’’ со 7-6(8-6),7-6(9-7),6-7(5-7),7-6(7-1), и така го елиминираше 20-от носител.

Од носителите, пласман во 2.коло обезбедија, (2) Енди Мареј кој со 3:0 го победи Александар Зверев, Жо Вилфред Цонга кој беше подобар од Маркос Багдатис, како и: Давид Ферер, Милош Раониќ, Фелисијано Лопез, Томаш Белучи, Гаел Монфилс.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата