Пубертетот денес се јавува се порано, поради што јазот меѓу физичкото и психичкото созревање на децата е се поголем.
Нејџел Лата, американски детски психолог и терапевт кој работи со проблематични деца, во книгата „Како да се постават граници и при тоа да се зачуваат нервите“, потсетува дека денес пубертот се јавува се порано. Кај девојчињата околу 10, а кај момчињата околу 11 година.
Поради тоа, тврди Лата, јазот меѓу физичкото и психичкото созревање на децата е се поголем, а последиците од процесот на преобликување на мозокот се поизразени. Поради тоа тинејџерите имаат намалена способност за донесување на важни одлуки и потребно им е подолго време отколку на возрасните да заклучат дали некој предлог е добар или лош. Тука настануваат првите недоразбирања со авторитетите.
Затоа Лата апелира родителите да ги сфатат своите тинејџери, да прифатат дека е природно долго да спијат, бидејќи нивниот внатрешен часовник е нарушен поради хормоните и да не сфаќаат сериозно се што децата ќе кажат во афект.
Момчињата се посклони да ги одложуваат обврските до последен момент, но затоа најдобро реагираат на јасни и цврсти граници, затоа родителите треба да им покажат дека се силни и секогаш тука за нив,
Додека девојчињата се покомплицирани и бараат повеќе трпение и разбирање, што значи и нежност.