Биљали: Не смее да има избори без прочистен избирачки список

Од:

Во избирачкиот список има премногу фантомски гласачи, без тој да се прочисти и без да се договорат реформите во медиумите не смее да има избори, изјави за А1он политичкиот аналитичар Мерсел Биљали.

Според него, Македонија се уште не е подготвена за избори бидејќи тоа не го дозволува ниту Избирачкиот список ниту медиумите, бидејќи според него, најголемиот дел од телевизиите цело време ја напаѓаат опозицијата.

– Изборите на 24 април се завршена приказна. Јас мислам дека треба да се поништи договорот од Пржино, да има целосно нов договор. Заев е во право што излезе од преговорите, не треба да учествува на криминални избори. Како што веќе слушнавме од прислушуваните разговори, власта има големи криминали, оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ не треба да се кандидира на следните избори, рече Биљали.

Тој додаде дека и самиот претседател на Државната изборна комисија кажа дека до 24 април не може да се прочисти избирачкиот список, а без прочистен избирачки список регуларни избори не може да има.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?